Задолжително

Дали знаете зошто Goodyear-Welted Boots (чизмите) се првиот избор за оваа зима?

Напишано од Пјер

Сите чизми се створени за зимата, без разлика што во денешно време се е помешано, и модерните мажи ги носат дури и во текот на летото.

Денес имаме можеби и 10тина видови на чизми, но денешниот избор е оној кој се двои од групата според нашиот тим. Ова го нагласуваме пред се поради фактот што во зима битно е стапалата да ни бидат на топло, и да бидете надвор од дофат на мокрото и ветерот.

Оние модели кои најчесто ги гледаме по улиците низ нашите градови се пред се со сошиени страници, кои ги поврзуваат долниот и горниот дел на чизмата. Епа овие Goodyear-Welted, за разлика од предходно споменатите, имаат видливо двоење помеѓу долниот и горниот дел на чизмата (некој вид на мала машка штикла). Овој начин на изработка на чизмите, во согласност со модните стилски стандарди во светот, доаѓа во малку поскапа варијанта, затоа бидете спремни за поголема инвестиција.

Мини галерија во продолжение, како инспирација од тимот на Friday.mk

simons simons oliver sweeney oliver sweeney

За авторот

Пјер