Кариера

Деловен вокабулар: Овие седум фрази не се пожелни на работното место

Напишано од Пјер

И крајно време е да престанете да ги користите…

Кога разговараме, особено во деловното опкружување, всушност се презентираме себе си и им дозволуваме на другите да создадат општо мислење на нас. Токму затоа овие седум вообичаени фрази би требало да ги елиминирате од употребата, уште денес:

„Извести ме кога ќе имаш информации…“

Оваа фраза е неретка појава на самиот крај на мејлот и звучи учтиво, но сепак создава изглед дека вие ја префрлате обврската на колегата, наместо сами да преземете иницијатива.

„Ми се чини дека…“ или „Мислам дека би требало…“

Фразите како овие прават да изгледате многу несигурно, што ќе влијае на тоа луѓето да не ве сфаќаат сериозно.

„Нема за што“

Без оглед дали станува збор за ситни предизвици или деловни пресвртници, доколку на некого сте му направиле услуга нормално дека тој има за што да ви се заблагодари. Наместо оваа досадна фраза, можете само да се насмевнете.

„Ова е веројатно лоша идеја, но…“

Никогаш не го правете ова! Кога ќе ви дојде некоја сјајна идеја на памет, немојте пред другите да ги наведувате сите маани и дупки во планот. На тој начин покажувате дека сте нервозни и дека всушност се срамите од вашите идеи.

„Не сум сигурна како се прави ова“

Сте слушнале за Google. Пред да го прашате вашиот шеф или колегата, пронајдете го одговорот за своите недоумици на овој одличен пребарувач. Не само што е побрзо, туку и ќе направи да изгледате попаметно и поснаодливо.

За авторот

Пјер