Најново

Денес ретко да се најде вакво ремек дело – MOTO GUZZI AIRFORCE

Сите големи автомобилски и мото компании се фокусирани на модернизацијата и иднината, а тоа може да се види и по најновите модели на автомобили кои се произведуваат. Меѓутоа, познатиот производител на мотори Moto Guzzi, реши да не врати малку во минатото. Така се создаде Airforce моделот.

Овој мотор е креиран на стара шасија од моторот  Moto Guzzi Le Mans Mk II кој долго време бил користен за трки. Компанијата на овој мотор му ја вратил душата и го вратил во живот. Airforce има ретро изглед кој со сигурност може да се носи со модерните мотори од денешницата. Металик бојата го прави уникатен и впечатлив, а кога станува збор за електрониката и опремата, тој е многу едноставен и ќе му се допадне на секого.

За авторот

martin