Омилени места

Десет најубави библиотеки на светот

Напишано од Нино

Од причина што почетоците на остварување на целта да се продава фикција преку онлајн-регистрирање се поздравува како иднината на книгите, што им преостанува на скромните книжарници? Иднината на еден иконски продавач моментално е несигурна. Книжарницата „Полар“ во Мастрихт беше загрозена кога „Полар“ објави банкрот во февруари. Таа моментално е отворена под името „Боекхандел Доминикаен“, но персоналот почна сеопфатна кампања за собирање средства за да ја спасат од затворање. Преуредена од доминиканска црква од 13 век, во 2006 година од страна на архитектите Меркс и Гирод (сегашен „Мерк Икс“), „Полар“ е храм на книгите што читањето го крева до религиско искуство.

1

„ЕЛ АТЕНЕО“, БУЕНОС АИРЕС

Посетителите можат да преминат од сцената во страниците во оваа аргентинска икона. Отпрвин изградена како театар „Гранд Сплендид“ во 1919 година, пред да стане кино во 1929 година, „Ел Атенео“ допира до драматичниот читател. Со тавани украсени со фрески, раскошни гравури и плиш црвени кулиси, таа ја задржа својата оригинална убавина и муштериите можат да седат на сепарињата за да си читаат на раат.

2

ЛИБРЕРИЈА „АКВА АЛТА“, ВЕНЕЦИЈА

Зарем е можно ова да е единствената подводна книжарница во светот? Нејзиното име во слободен превод би било вака, „книжарница со надојдена вода“ и нејзината локација покрај каналот значи дополнително ниво на организација за персоналот: сопственикот, обуен во гумени чизми, мора да ги преместува своите книги од подот во кадите и на повисоките полици за време на редовното поплавување. Јустина Киблер, која ја направи оваа фотографија за време на нејзината посета во ноември 2013 година, рече: „Венеција е поплавена. Луѓето газат по улиците во половина метар вода, а зградите се обложени со штици. Но, Либрерија ’Аква Алта‘ сè уште работи. Всушност, таа е во свој елемент“.

3

ЛИБРАЈРИЕ „АВАНГАРДЕ“, НАНКИНГ

Нарекувана најубавата книжарница во Кина, Либрајрие „Авангарде“ во Нанкинг е изградена во поранешно владино паркиралиште, што исто така служеше и како засолниште од бомбардирање. За да не се изгубат во подземниот простор од 4.000 м2 под стадионот „Вутишан“, посетителите следат пат со жолта лента; внатре се наоѓа реплика од Мислителот на Родин, кој седи покрај касата што е направена од стари книги, а покрај нив има столбови со познати книжевни стихови изгравирани на нив. Друга гранка на книжарницата се наоѓа во претседателската палата во Нанкинг – оваа успеа да ја симне раскошноста под земја.

4

„ЕЛ ПЕНДУЛО“, МЕКСИКО СИТИ

Оваа гранка на мексиканската книжарница „Пендуло“ нуди култивиран начин како да се избегне жештината во Мексико Сити. Муштериите можат да ги прелистуваат полиците што се простираат на два ката или да седнат во кафулето и да слушаат жива музика. Во 2013 година, тој синџир прослави дваесетгодишен јубилеј, пуштајќи 1.000 книги со отпечатена порака, „Ова е бесплатна книга. Прочитајте ја и вратете ја на друго јавно место“.

5

ЛИВРАРИЈА „ЛЕЛО“, ПОРТО

Оваа португалска знаменитост беше отворена во поранешната библиотека „Чардрон“ на почетокот од 19 век. Во нејзиниот арт нуво простор доминира спиралното скалиште со раскошни резби во дрво што одговараат на нејзините сложени ѕидни панели и столбови. Прозорците со витражно стакло со мотиви од растенија и светларник на кој е прикажан монограм од основачот на книжарницата, Жозе Лело, го надополнуваат црковниот изглед.

6

„БАРТС БУКС“, КАЛИФОРНИЈА

„Бартс Букс“ – што себеси се нарекува „најголемата книжарница на отворено во светот“ – е основана во 1964 година, од страна на Ричард Бартинсдејл, кој ги остави шкафовите со книги на улица за да ги продаде оние наслови што не ги сакаше веќе. Минувачите можеа да остават пари во лименка од кафе. Сега, книжарницата има речиси еден метар книги – од кои голем дел сè уште се продаваат по принцип на чесност – како и двор каде што читателите можат да играат шах под сенката на јаболкницата.

7

„ШЕКСПИР & КОМПАНИ“, ПАРИЗ

„Морам да заминам таму каде што сите скали почнуваат во одвратниот ’старо купувам‘ дуќан на срцето“. Надополнета со стих од В. Б. Јејтс на својата интернет-страница, „Шекспир & Компани“ е место што прави повеќе од тоа што продава книги. Именувана според една книжарница во која често навратуваа Езра Паунд, Ернест Хемингвеј и Џејмс Џојс за време на дваесеттите години на минатиот век, книжарницата на левиот брег на Сена стана исто толку легендарна. Отворена во 1951 година од страна на Американецот Џорџ Вајтман – и водена од страна на неговата ќерка Силвија сè до 2011 година – таа стана вратилиште на писатели од бит-генерацијата како Ален Гинзберг и Вилијам С. Бароуз. Од почетокот, Вајтман им дозволи на патувачките уметници и писатели да преспиваат во книжарницата, што исто така е и библиотека за изнајмување. Духовите на покојните писатели ги опседнуваат нејзините натрупани ѕидови.

8

„КОРСО КОМО“, МИЛАН

Скриена зад небезбедна фасада, „Корсо Комо“ е основана во 1991 година од страна на поранешниот главен уредник на италијанскиот „Вог“, Карла Созани. Таа го воведе својот моден ум во комплексот што комбинира книжарница, дизајнерско студио, кафуле, хотел и градина на покривот. Во книжарницата има разни уметнички, архитектонски и модни наслови со дизајнерски мебел за да се создаде пазар на стари предмети со свој луксузен милански пресврт.

9

КНИЖАРНИЦА „ОНЕСТИ“, ХЕЈ ОН ВАЈ

Велшкото гратче Хеј он Вај е библиофилско жариште: неговиот книжевен фестивал, почнат да се изведува во 1988 година, беше опишан од страна на поранешниот американски претседател како, „Вудсток за умот“. Има наредено повеќе од 30 книжарници по тесните улички, но највпечатлива е онаа чиишто полици се поставени врз темелите на норманскиот замок што се наоѓа во тој град. Муштериите можат да се восхитуваат на ронливото средновековно ѕидарство додека разгледуваат наслови од втора рака; сите поворки водат кон реставрираниот замок.

10

Блог Литература.мк

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)