Uncategorized Музика

ДНК со ново видео од неодамна лансираниот албум “Уште еден ден”

Напишано од Нино

“ЈАС И ТИ” – ЛЕТНА АВАНТУРА НА ПАНЧО И АНДРЕЈ

АрЕндБи дуото ДНК ги израдува фановите со уште еден видео запис од нивниот последен албум издаден неодамна. Со потенцијал за вистинско летно музичко освежување, песната “Јас и Ти” деновиве доби своја видео верзија, во која се раскажува интересна приказна со сменети улоги.

IMG_7629

Панчо и Андреј се во ролјите на сценски менаџери, кои што го подготвуваат концертот на ДНК, а фронтмен(к)и на ДНК, всушност, се две преубави девојки. Приказната има интересен заплет и комични моменти, а расплетот ќе го дознаете кога ќе го погледнете видеото.

Спотот е сниман кон крајот на минатиот месец на прекрасните локации во Дојран, кој што блеска во сиот свој сјај. Томато и овој пат застана зад продуцентскиот дел од работата, а режисерската палка е на Бане Поповиќ. Двата женски лика се на Антонија Локвенец и Ана Марија Таневска од модното студио Црнокрак, придружувани од уште четири девојки, во улоги на придружниот бенд, кои што доаѓаат од модното студио ЕМ Фешн, од Дојран.

IMG_7628

“Јас и Ти” е втората нумера која што добива видео запис од новиот, неодамна лансиран албум на ДНК, под наслов “Уште еден ден”. Момците од ДНК на овој албум, овој пат, решија да си поиграат во фанки – диско стил, несвојствено и ново, но и многу интересно и предизвикувачки за дуото АрЕндБи артисти кои се долги години на домашната музичка сцена. Со Панчо и со Андреј, никогаш не е здодевно.

IMG_7627 IMG_7630

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)