Uncategorized Бизнис совети

Доколку сакате да бидете подобар претприемач, мора да ги разберете овие 5 работи

Напишано од Нино

Двете реченици кои веројатно најдобро го опишуваат претприемништвото гласат: „Претприемништвото е лудило. Еден ден се чувствувате како да сте на врвот на светот, а следниот ден посакувате да ве снема“.

Како што пишува Inc.com, ваквите искуства покажуваат дека водењето на сопствен бизнис има, како и многу други работи, две страни на медалот.

Ако сакате да бидете подобар претприемач, мора да ги сфатите овие 5 работи:

1. Не се врти се околу вас

Еден ден може да се најдете во облаци, а следниот ден можете да бидете на дното. Во бизнисот е така и затоа треба да знаете дека не се врти целиот свет околу вас и вашата фирма. Тука има и други луѓе, затоа опуштете се и споделувајте.

2. Не можете се сами

Една од најголемите грешки кои претприемачите ги прават е што мислат дека сите идеи можат сами да ги спроведат на дело и дека нивните идеи се најдобри. Наместо такви грешки, опкружете се со квалитетни и креативни луѓе кои и тоа како можат да ви помогнат.

3. Вашите клиенти не ги интересира вашиот производ

Важно е да се каже – за сега! Иако вашиот производ на вас можеби ви се чини совршен, се додека тој не е во рамките на желбите на вашите клиенти, приказната не е завршена. Поради тоа е важно да сфатите кои се вистинските потреби на поединците за да им ја понудите вистинската работа.

4. Нема веднаш да успеете, но тоа е ОК

Во ниеден случај неможе да се каже дека пропаѓањето на фирмата или бизнисот е ваша судбина, но дека ќе доживеете мали падови, тоа дефинитивно. Никој не сака пречки, но тие се на патот кон големите работи. Сетете се на старата поговорка „преку трњe до ѕвездите“.

5. Можеби никогаш нема да се збогатите

За успех во бизнисот треба време. Иако не многумина им се чини дека поединци успеваат „преку ноќ“, вистината е дека зад нив стојат години труд и работа. Иако вашиот успех можеби нема да се мери во милиони, тоа незначи дека не е заслужен и вреден.

Denar.mk

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)