Храна

Доволно е само да ги споите овие две намирници и да заборавите на вишокот килограми

Напишано од Пјер

Лековитите својства на циметот и медот сигурно веќе ви се познати. Но, она што можеби не сте го знаеле е дека овие намирници можат да ви помогнат да ослабите.

Пробајте го овој напиток кој е вкусен, лесно се подготвува, а го забрзува метаболизмот и помага да се ослободите од вишокот килограми.

Состојки:

– две големи лажици мед

– една голема лажица цимет

– 250 мл вода

Подготовка:

– Препорачаната количина можете да ја смените, но важно е размерот да биде 2:1 во корист на медот. Подгответе толку колку што ви е потребно.

– Зовријте ја водата

– Со врелата вода прелијте го циметот. Поклопете и оставете да се олади отпликика на темература која можете да ја консумирате.

– Медот додадете го откако ќе се олади. Никогаш не го ставајте медот во врела вода бидејќи топлината ги уништува ензимите и другите хранливи материи од медот.

– Испијте половина од напитокот пред спиење, а другата половина оставете ја во фрижидер и испијте ја наутро, но без претходно загревање.

Напомена:

Напитокот има ефект само кога се консумира на празен стомак. И секако кога мислиме на вакви здрави комбинации, мислиме на Нутрибулет.

За авторот

Пјер