Uncategorized Архитектура

DS House ги соборува правилата на симетрија

Иако сега мислиме спонтаноста на симетријата е совршена репликација на две страни околу една централна оска, првично, да го цитираме Vitruvius, “Симетријата е соодветен договор помеѓу членовите на самата работа и односот помеѓу различни делови и целата општа шема”. Воопшто не се споменува билетаралната симетрија. На грчки, summetria едноставно значи “дел” или “мерка”. Но, уште од античките времиња, чуството за рамнотежа и стабилност, човештвото има изградено објекти кои ги носат правилата за билатералната симетрија: пирамиди, храмови, катедрали итн., заедно со вазни и стели. Сепак премногу совршена симетрија предизвикува досада. Емоцијата излегува од несовршеностите, непредвиденоста и недоследностите. Фасадата на оваа импозантна резиденција ја одразува напнатоста во потрага за величие балансирана со желба за разлика и варијации. Свечената градба се состои од неколку елементи, некои од нив немаат архитектонска функција, но седат заедно еден со друг како автономни скулпторски субјекти. Анимирани од страна на серија на празнини и проекции, фасадата одекнува со нијанси кои се движат од сива до беж, карактеристично за природен камен.

Но, ние мора да влеземе внатре за да ја разбереме внатрешната логика на куќата. Оска, срж, каскада од светлина, визуелна врска помеѓу две застаклени врати кои се отвораат театрално кон градината. Окото скока помеѓу алтернација на материјали, текстури и рефлексии на архитектурата во базени; тоа е повеќе како одење преку Фондацијата Stampalia Querini, создадена од страна на венецијанскиот архитект Карло Скарпа.

DC House куќата е дизајнирана од страна на Olivier Dwek, архитект кој ни доаѓа од Брисел.

 

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)