Задолжително

Две места кои се од круцијално значење за сингл момците

Напишано од Пјер

Без разлика дали станува збор за сингл момци кои целат кон долга врска или пак оние кои се за one night stand, овие две места мора да им бидат перфектно чисти во секоја доба од денот –

1.Спалната/собата – без разлика дали живеете сами, со цимерот, со родителите или кај бабата, собата во која спиете мора да ви биде секогаш максимално чиста. Не смее да се дозволи хаос, со чорапи и прашина насекаде, затоа што тоа ќе биде огромен минус во очите на девојката која за прв пат влегува во вашата соба. А нели, мала е државава, и овој лош муабет многу лесно ке помине низ сите ќошиња во кои имате оставено траг. Затоа гледајте, секој 2/3 ден да одвоите неколку минути за својата спална соба. Наш предлог е целосно преуредување во стилот на Дормео

2. Колата – без разлика дали станува збор за лично ваша кола, или за колата на родителите, пред секој дејт или искачање, колата мора да е прилично чиста. Не дека мора да свети, затоа што и тоа може да има лош ефект, да изгледате дека повеќе се грижите за колата него за самиот себе. Битно е прашина да нема, флеки и лоша миризба. Нормално добро е да имате и неколку цедиња со квалитетна музика, ќебенце за секој случај и потребна опрема доколку дојде до некој технички проблеми. Значи пред секое искачање на пијачка, одвојте 5/10 минути на колата, затоа што таа може да ви биде спалната за ноќта што следи –

За авторот

Пјер