Кариера

Џани Ањели – Светска икона која ќе се памети засекогаш

Напишано од Нино

Само неколку луѓе во историјата можат да бидат рамо до рамо со Џани Ањели кога се работи за влијанието во модата. За време на својот живот, секогаш добро облечениот Џани Ањели важел за еден од најголемите индустријалци во светот, бил италијански сенатор, сопственик на Фиат и најбогатиот човек во модерната историја на Италија со богатство проценето на 2 милијарди евра во тоа време.

Доколку треба да го опишеме карактерот на Ањели во неколку зборови тоа би било вака екстремно шармантен, интелегентен, љубопитен и секогаш облечен со стил, секогаш целејќи кон перфекција. На пример по смртта на Џон Кенеди тој едноставно има изјавено “И така веќе беше готов” сакајќи да го потенцира неговото незгодно минато. Секогаш Ањели се трудел да зборува со доза на шала, сакајќи да остане неемотивно врзан со било кој. Не бил премногу фамилијарен човек. Со децата врската била сведена на еден минимум, но затоа дружењето се жените му било секогаш на високо ниво.

За време на своето 40 годишно работење во Италија бил најважната личност во италијанската економија.

ДЕТСТВОТО И ИЗДИГНУВАЊЕТО НА АЊЕЛИ

Ањели бил роден во успешно и благородно семејство. Неговиот дедо Џовани Ањели ја има изградено фамилијата на едно респектабилно ниво со тоа што ја основал фабриката за автомобили Фиат уште пред да се роди Џани. Неговиот татко ја продолжува традицијата како италијански магнат кој е ден од најголемите акционери во Фиат. Благородничката фамилијарна жица ја фаќаат во 1919 година кога татко му се жени со Вирџинија Бурбон дел Монте, ќерка на принцот од Сан Фустино, член на античката Тоскани – Умбриан фамилија.

Претприемачкиот дух кај Џани се пренесува уште со неговото раѓање, а продолжува низ неговото детство. За време на школувањето во средното училиште  ДАзеглио во Торино, успева да развие интриги за бизнис и напредок на фамилијарниот бизнис и репутација со што подоцна успева да ја реализира.

ТРАГЕДИЈА И ВЛИЈАНИЕТО НА ДЕДО МУ

За жал, животот на Џани Ањели драстично започнува да се менува во 1935 година по смртта на неговиот татко во авионска несреќа на 43 години. Веднаш почнуваат проблеми, се јавува конфликт помеѓу дедо му и неговата мајка која неколку месеци по смртта на Едвардо влегува во врска со Курзио Малаппарте писател и новинар. Џовани покренува постапка за правата врз сите седум нејзини деца.

По смртта на татко му, во животот на Џани најголемо влијание има неговиот дедо. Џани за него има изјавено: “Мојот дедо претставуваше човек кој имаше авторитет и апсолутна моќ. Беше моќен човек во неговиот град, моќен во цела Италија. Беше доста едноставен човек но по природа беше доста влијателен. За мене тој претставуваше репрезент на вистинската моќ.”

Џани останува близок до својот дедо од 1935 година до 1940 година, кога го повикуваат да служи на војската по повод Втората Светска Војна.

ИСКУСТВАТА НА ЏАНИ АЊЕЛИ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

За време на Втората Светска Војна, Џани бил дел од Рускиот и Северно Африканскиот фронт.

За време на војувањето на Рускиот фронт Џани е ранет два пати, што за малку ќе изгубел еден од своите прсти. Во Северна Африка бил возач на оклопно возило. Влегол во кавга во еден бар со германски војник околу некоја девојка, со што повторно е ранет во својата рака. Но она што е интересно е дека не го напуштил барот додека не ја испил својата пијачка.

По поразот на Италија во војната, американските моќни сили го тераат неговиот дедо да се откаже од Фиат бидејќи произведувал воени возила и тенкови. Ова не било толку страшно за нив, бидејќи интелигентниот дедо на Џани веќе имал план. Се спогодил со транзиционата власт и поставил негов човек кој бил од доверба и доволно паметен да ја води компанијата се додека Џани не созрее доволно за да може да ја преземе контролата. Тој човек се викал Лиутенант Валета.

ВИВНУВАЊЕТО НА АЊЕЛИ КОН МОЌТА ВО ФИАТ И ИТАЛИЈА

Валета останува на чело на Фиат се до 1966 година. Тогаш Џани Ањели ја превзема целата контрола врз бизнисот и започнува да го зајакнува бизнисот според онаа стратегија од средното школо.

Фиат бележи експлозивен раст и се шири на пазарите во Русија,Шпанија и Јужна Америка. Започнува да се бави со градежништво, финансии, телекомуникации и медиуми. Успева да го направи своето владеење премногу силно со купувањето на Ла Стампа и Кориере де ла Сера, двата најголеми дневни весници во Италија. Со тоа Џани станува најголем приватен сопственик и се стекнува со огромно влијание.

Еден од неговите омилени бизниси бил фудбалскиот клуб Јувентус, еден од најреспектабилните клубови во Италија. Врската на неговото семејство со Јувентус започнува уште во 1923, а продолжува под раководство на Џани од 1947 до 1954 година. Поради здравствени причини се откажува од раководната функција во клубот, но останува негов сопственик се до неговата смрт. Познато е дека Џани со неговиот хеликоптер слетувал на тренинзите на неговиот тим и разговарал со секој играч, а му се јавувал на претседателот на клубот секој ден во 6 часот наутро.

Други поважни инвестиции на Џани биле и аквизицијата на Алфа Ромео, Ланча и акции во Ферари, како и Масерати. Го има одбиено Форд.

Како и да е многу контроверзни договори се склучени за времена неговото владеење, помеѓу кое е и она со Гадафи во 1970 година. За време на нафтената криза Џани продава дел од својата сопственост на Гадафи за да полесно ја преживее кризата. Во договорот стоело дека Џани ќе може да си ги поврати акциите веднаш по нормализирање на ситуацијата со нафтата.

Уште еден интересен договор под палката на Џани е склучен во 2000 година кога 20 проценти од компанијата ја продава на Џенерал Моторс.

УЛОГАТА НА ЏАНИ ВО ИТАЛИЈАНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Влијанието на Џани и Фиат врз Италијанската економија било огромно.

Од земјоделска нација, Џани ја прави Италија центар на индустријата. За кратко време Италија станува шеста најбогата земја во светот, се отвораат се повеќе бизниси.

Неофицијално се зборува дека Џани поседувал една четвртина од сите акции на италијанската берза. Во најубавите времиња за Џани, 50 проценти од Италијанците возеле автомобил Фиат.

НЕКРУНИСАНИОТ КРАЛ НА ИТАЛИЈА

Можете да слушнете дека Џани Ањели бил познат како некрунисаниот крал во Италија. Огромните делови од италијанската економија преку растењето на Фиат, неговите пријателства со најмоќните светски лидери му ја дадоа таа титула.

Италијаните знаат да кажат: “Ањели е Фиат, Фиат е Торино, Торино е Италија.” Со тоа сакаат да кажат дека имал огромно влијание во Италија.

Исто така познат бил и под името “Адвокатот”. “Адвокатот” го викале бидејќи студирал право, но никогаш не го работел тоа.

При кампањата за Стоп на корупцијата во Италија, единствено тој останува не допрен од италијанските власти. Тоа исто е причината за неговата титула  Некрунисаниот крал на Италија. Оваа титула ниту еден друг ја нема добиено. Дури ни Берлускони.

ЖЕНИТЕ НА АЊЕЛИ

Важел за вистински Плејбој. Имал доста жени покрај него помеѓу кои Linda Christian, Danielle Darrieux, Rita Hayworth and Pamela Churchill Harriman бившата жена на синот на Черчил, а се зборува дека бил во врска и со Џеки Кенеди.

Џани Ањели живеел во вила на југот на Франција каде што 5 години поминал со Pamela Churchill Harriman. Pamela уживала во врската со Џани и ја претставувала како една од најсреќните работи кои и се имаат случено. Сето тоа траело до 1952 година кога го фаќа со Anne-Marie d’Estainville. При враќање кон својот дом со d’Estainville, прават тешка сообраќајна несреќа каде се здобива со тешки повреди на ногата. Докторите дури се плашеле дека ќе мора да ја ампутираат. Кратко после тоа ја прекинува врската со Памела.

Се водел по една изрека: “Постојат мажи кои сакаат да зборуваат за жени и мажи кои сакаат да зборуваат со жени – јас преферирам да зборувам со нив.”

ЕДИНСТВЕНИОТ БРАК НА АЊЕЛИ

После неколку љубовни афери и врски, Џани решава да се скроти. Ј зема за сопруга Принцезата од Наполи Marella Caracciolo di Castagneto. Марела претставувала модна икона во светот на модата. Била прогласена за најдобро облечена личност во светот за 1963 година.

Студирала во Париз каде што работела со еден од најдобрите фотографи во Њујорк, Erwin Bluemnthal, и проденсувала за Vogue,  а направила и своја модна линија.

Бракот не го спречуваше Ањели да се гледа и со други жени, но сепак остана во брак се до неговата смрт во 2003 година. Додека бил во брак се гледал со актерката Anita Ekberg, дизајнерката Jackie Rodgers и дури се гледал со Jackie Kennedy.

ЉУБОВТА КОН УМЕТНОСТА

Џани секогаш правел баланс кон љубовта кон автомобилите и жените со љубовта кон уметноста.

Во неговата колекција имал дела како Italian Futurists, четири дела на Monets и дела на Klimt, Bacon, Warhol and Lichtenstein.

По неговата смрт во 2003 година повеќето слики се донирани за неговиот роден град Торино.

ОБИД ЗА АТЕНТАТ

Секогаш бил во центар на внимание и секогаш се движел без обезбедување. Неговата филозофија за обезбедувањето била дека премногу гледаат и зборуваат наоколу. Секогаш одбивал обезбедување иако во Италија  терористите собирале голема моќ.

Еден уапсен терорист има изјавено дека имал наредба за убиство на Ањели, но не успеал да добие чиста мета како би пукал. Имал секакви закани за неговиот живот и животот на неговите најблиски.

СМРТТА НА ЏАНИ АЊЕЛИ

На 23 Јануари 2003 година Џани Ањели умира од рак на простата.

Цела Италија била во шок, сите медиуми биле преокупирани со тоа, дури и најтиражниот весник во Италија имал цели 19 страни за него. Претставувал вистинска икона.

Некои велат дека големината на човекот може да се види по тоа колку луѓе ќе дојдат на неговиот последен поздрав. Повеќе од 100.000 илјади луѓе присуствувале на неговиот погреб помеѓу кои премиери и претседатели на разни држави кои дошле во седиштето на Фиат за да се збогуваат од Џани за последен пат.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)