Водич за готвење Настани

Eatalian – мало италијанско катче во центарот на Скопје

eatalian-otvoranje
Напишано од Пјер

Денес официјално се отворија вратите на Eatalian, изложбено-продажниот салон на ИТА Бренд, на чии полици можат да се најдат 100% италијански производи.

Од сега на сите гурмани ќе им бидат достапни некои од најдобрите брендови кои нѝ доаѓаат од Италија – Attibassi, Arthemia, Riso Buono, Robo, Pastificio dei Campi, Pasta Di Martino, Toschi.

Од компанијата велат дека нивната лична пасија кон најдоброто од Италија ги поттикнало да ги донесат овие производи и кај нас. „Вниманието и љубовта кои италијаните ги посветуваат на добрата храна и пијалоци се добро познати и искрено, не беше лесно да се направи тесна селекција на сè она што сакавме да го донесеме кај нас, особено заради тоа што на нашиот пазар веќе можат да се најдат голем број на производи од Италија. Така се одлучивме за исклучиво 100% италијански производи, создадени од суровини со заштитено географско потекло, кои се произведуваат во мали количини, со многу внимание, наменети за вистинските гурмани. Она што можеме да го гарантираме е дека Eatalian ќе понуди кратко, но автентично патување во магијата на Италија.“

Освен тоа што ќе можат да купат ексклузивни производи, сите посетители ќе можат да добијат и совети и рецепти за подготовка на вистински италијански специјалитети.

Eatalian се наоѓа позади клиниката Млин Балкан, на улица Златко Шнајдер бр.6.

За авторот

Пјер

Остави коментар