Патувања

Единствена работа која ќе ве направи богат и среќен според науката

Напишано од Нино

Ние можеби го поминуваме секој ден во канцелариите скролајќи по инстаграмџиите кои ќе направат за момент да се чуствуваме како да сме избегале од реалноста, но никој од нас не патува толку колку што посакува. Сепак, според новото истражување кое што е направено, патувањето е единствената работа која што може да не направи најсреќни и најбогати.

Од новото истражување, кое што собрало мислење од околу 17 илјади луѓе од сите возрасти и полови, може да се заклучи дека патувањата се најдобриот начин за да си ја зголемиме среќата. 77% од испитаниците кажале дека најдобриот лек против депресијата е да заминете некаде во странство на една година.

Патувањето ги победува другите прилики како на пример вашата венчавка, добивањето на работата од соништата или пак состанок со девојка, прилики кои исто така многу влијаат на самите нас.

Сите знаеме дека патувањата ни ги прошируваат видиците. Од запознавање на нови луѓе, дегустирање на нова храна, нови култури до нови знаменитости, патувањата се поврзани со зголемената благосостојба.

Но, ние кажавме и дека патувањата ве прават побогати, така? Според ова истражување се покажало дека оние луѓе кои ги искористиле сите денови од одморот за патување, не само што се посреќни, шансите да добијат бонус во наредните три години се поголеми.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)