Економија

Економијата на еврозоната бележи раст од 1,7% во 2016-та

Напишано од Нино

Бруто домашниот производ (БДП) во еврозоната оствари раст од 0,5% на квартална основа во текот на последните три месеци од 2016-та година, покажуваат првичните податоци на „Евростат“. Тоа претставува забрзување од 0,4% раст во третиот квартал.

На годишна основа економијата на еврозоната забележа експанзија од 1,8% – иста како и во претходниот период.

Во целата 2016-та година БДП-то во монетарната унија расте со 1,7%.

Во целата Европска унија (ЕУ), растот на економијата се забрзува од 0,5% во третиот до 0,6% во четвртиот квартал во однос на претходниот период.

На годишна основа во ЕУ исто така се забележува забрзување на растот од 1,8% во јули-септември до 1,9% во октомври-декември.

Во целата 2016-та година БДП-то во ЕУ расте со 1,9%.

Претстојат две ревизии на податоците на 14-ти февруари и на 7-ми март.

eueu91

Denar.mk

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)