Стил

Ексклузивно: Emporio Armani и Armani Exchange за прв пат во Македонија

Напишано од martin

Модерни, елегантни и спортски парчиња за оние мажи со префинет вкус и диманичен стил на живот, брендовите Emporio Armani и Armani Exchange за прв пат во Македонија се појавија во мултибренд продавницата City Fashion.

Овој светски познат бренд со потекло од Италија е познат по својот квалитет и препознатлив уникатен дизајн од 1975 година. Armani брендот се карактеризира со повеќе лини како што се Armani Exchange, Emporio Armani (вклучително и EA7) и ексклузивната линија Giorgio Armani.

Armani Exchange е бренд за оваа пролет дефинитивно ги нуди најдобрите кежуал и спортски модни комбинации, додека Emporio Armani ќе ни понуди екслузивни машки костуми заедно со кежуал модни парчиња, како фармерки, јакни, маици, кошули и патики. Не смееме да ја заборавиме и линијата EA7, таа важи за спортска линија кај брендот која во себе вклучува тренерки, маици, јакни, патики за престојаната пролет/лето сезона.

Ајде сите на шопинг во City Fashion во Скопје Сити Мол, бидејќи таму може да ги најдете најдобрите светски брендови.

За авторот

martin