Настани

Ексклузивно: Во Македонија се отвори првиот изложбен салон на CRYO MK

Напишано од martin

Претходната недела во центарот на Скопје, се отвори првиот изложбен салон на Балканот за најдобрите производи за физикална терапија, убавина и здравје, Cryo MK. Станува збор за единствен концепт на изложбен салон каде што ќе бидат изложени дел од асортиманот на производите на CRYO MK, компанијата која е ексклузивен увозник и дистрибутер за крио комори, крио сауни, локална крио терапија за цел Балкан и продажба на Normatec Recovery системите.

Како што кажавме погоре, изложбениот салон CRYO MK, се наоѓа во центарот на Скопје, позади Католичка црква. Во овој салон, луѓето ќе имаат уникатна прилика да се запознаат со најновите трендови во светот на физикалната терапија и здравјето. Да се запознаат со светските методи и техники за терапии за опоравување, како што се крио сауните, и Normatec Recovery системите.

Веќе неколку години работиме на тоа да ги воведеме најновите техники за физикална терапија и опоравување, па тоа беше најголемата причина да го отвориме овој изложбен салон, каде што луѓето во Македонија ќе може да се запознаат со нашите производи и да имаат шанса да ги пробаат. Покрај физкалната терапија, нашите производи се користат и во делови од меицината, како и за слабеење, нега и одржување на телото.– изјави Бранислав Стојановски, сопственик на CRYO MK.

За повеќе информации, јавете се на 070 205 137 или посете ја Фејсбук фан страната CRYO MK или нивната веб страна www.cryo.mk 

За авторот

martin