Најново

Елегантниот Breitling Bentley GT Dark Sapphire часовник

Претставен на овогодинешниот Саем за автомобили во Франкфурт, Breitling Bentley GT Dark Sapphire е часовникот кој е произведен во само 500 примероци. Со уникатно куќиште со дијаметар од 48мм и сафирски кристал, водоотпорност до 100 метри, овој часовник на вистински начин го спојува стилот со спортскиот изглед.

На себе носи темно син бројчаник, кој е инспириран од таблата на Continental GT моделот. Часовникот во себе го содржи Breitling Caliber B06 со резервна енергија до 70 часови. На куќиштето прикачено е црно гумено каифче со дијамантски мотив.

За авторот

martin