Настани

ФАБРИКА КАРПОШ ГИ ПОСЕТИ ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКО СЕЛО

slika-2
Напишано од Мартин

Фабрика Карпош денес го посети СОС Детското село каде заедно со Дедо Мраз подарија новогодишни пакетчиња, а дечињата организираа специјална предновогодишна приредба за нивните гости.

„Споделената радост е поголема радост – навистина ни е драго што нашата среќа ја споделивме со дечињата, а за возврат добивме многу љубов, насмевки и прегратки, и прекрасна приредба во претпразнична атмосфера. Ова е доказ дека понекогаш малите работи можат да не направат посреќни и да направат да се чувствуваме убаво.“ – изјавија од Фабрика Карпош.

slika-1

Со единствена цел да се овозможи празниците да донесат среќа и топлина кај секој кој има најмногу потреба од тоа, Фабрика Карпош и во иднина ќе продолжи да придонесува за општеството.

За авторот

Мартин