Најново

Fashion Group започнува со онлајн продажба на своите брендови

Напишано од martin

Како најголема малопродажна групација на компании за текстил во регионот, која ги поседува правата на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза за многу светски познати модни брендови, Fashion Group се стреми секогаш да внесе новитети и да обезбеди уникатно искуство за своите купувачи.

Во таа насока, страницата www.e-shop.fashiongroup.com.mk ќе биде виртуелна продавница во која се застапени речиси сите брендови на Fashion Group со својот целосен асортиман. Во оваа онлајн продавница купувачите ќе имаат можност едноставно, брзо и безбедно да ги купуваат своите омилени производи.

Живееме во време на огромна дигитализација, време во кое се менуваат купувачките навики, а секоја модерна компанија која ги следи потребите на своите потрошувачи тежнее кон прифаќање на новите трендови на работење. Голем дел од македонските купувачи се навикнати да купуваат онлајн и тоа најразлични видови на производи, но тоа е најчесто од странски веб страници, со што трошоците за испорака се големи.

Затоа тимот на Fashion Group Македонија, ја создаде оваа платформа како збогатување на постоечката онлајн понуда и како можност за купувачите да пазарат во било кое време и од било кое место, со тоа избегнувајќи “патување” до трговските центри, чекање редици и заштедувајќи време.

Виртуелната продавница на Fashion Group е отворена 24/7, 365 денови во годината. Таа е новата онлајн дестинација за сите љубители на модерното облекување. Ве очекуваме!

За авторот

martin