Задолжително

Фенг Шуи за во вашиот автомобил

Напишано од martin

Веруваме дека знаете дека Фенг Шуи може да да го унапреди вашиот простор, но тоа може да ви помогне и за во вашиот автомобил. Се во оваа техника се врти околу позитивната енергија, што значи дека може да го примените во било каков простор.

Јасно и чисто

Немојте во автомобилот да чувате непотребни работи. Редовно чистете го автомобилот и внатре и надвор.

Свеж и чист воздух

Другата важна работа е често да го проветрувате автомобилот. Ако ви дозволува времето, отварајте ги прозорите почесто. Ако не користите различни видови на природни мириси. Исто така, може да одберете различни есенцијални уља.

Направете домашна атмосфера

Како што кажавме погоре, во автомобилот нема потреба да чувате непотребни работи, а убаво е да ставите некои ситници кои че ви дадат посебно чуство додека сте во него.

И уште нешто…

Кога го паркирате автомобилот, паркирајте го да не биде усмерен према вашиот дом. Тоа е така поради тоа што автомобилот што е усмерен спрема вас ви ја одвлекува позитивната енергија.

За авторот

martin