Мода

Филмската елита одржа уште една лекција по мода

Напишано од martin

Сезоната на црвениот тепих активно започнува со почетокот на есента, а својата кулминација ја има кон почетокот на месецот март, за време на Оскарите. Покрај наградите за филмовите, секоја година се повеќе внимание ни одзима и гардеробата и изгледот на најпознатите актери. Кога збориме за модата на последното доделување на Оскарите, мора да дадеме пофални зборови, поради необичните комбинации, изборот на уникатните модни детали. Според фотографиите кои ќе може да ги видите, на овие Оскари преовладуваа посветли бои.

Џордан Пил

Тој се одлучи за класичен бел смокинг од брендот Calvin Klein во комбинација со црни панталони и црни лаковани чевли. Очилата и лептир машната се модни детали кои одлично се вклопуваат.

Арми Хамер

Глумецот кој е познат по филмот Скриена Љубов, покажа навистина исклучителен стајлинг со темно црвен смокинг од сомот.

Тмоти Шаламе

Еден од највпечатливите стајлинзи на Оскарите. Цел во бело, а на нозете црни челзи чевли.

Кит Станфилд

Тој на себе носи совршено скроен син костум од еко свила.

Сем Роквел

Добитникот на улогата за најдобра споредна улога, за Оскарите одбра клсичен костум со уникатни воени детали.

Даниел Калуја

Тој одбрал одлична комбинација од Brunello Cucinelli и покажа како црната оди во комбинација со доста бои, кога станува збор за формалното облекување.

Ансел Елгорт

Трендот на колоритни костуми го покажа и младиот глумец кој на себе носеше маестрално зелено сако од сомот и сетен.

Кајлеб Лендри Џоунс

Многу експерти не се за носење на очила за сонце на црвениот тепих, но Кајлеб ги прекрши правилата и облече црн костум за одличен бунтовнички стил.

Кумаил Нунџијани

Ако постои некое правило како треба да изгледа еден совршен господин, тоа е дефинитивно ова. Скроен костум со одлични детали и специфични уникатни чевли.

За авторот

martin