Живееме здраво со Polleo Sport и MarioFit.net Фитнес

Фит дилема – Колку често треба да ја менувате вашата тренинг програма?

trening-programa-zgolemena-tezina
Напишано од Хонг

Сите ние ја бараме совршената формула која најдобро ги покажува резултатите од нашите напори во вежбањето. Ги бараме идеалните вежби, тежини, број на повторувања… И кога конечно ќе ја најдеме оваа формула имаме мотив да ја применуваме што е можно почесто. Но, по некое време резултатите од нашата тренинг програма не се онакви какви што очекуваме.

Ова е резултат на фактот што телото брзо се навикнува да следи рутини. Движењата и тежините му стануваат познати и тоа почнува да учи како да се справува со нив. Затоа, доколку сакате да видите напредок од вашите вежби, ќе мора да му приредувате изненадувања на телото со кои ќе треба да се справи, и притоа физички ќе се менува.

Но, бидете внимателни, бидејќи и премногу честите промени во вашата тренинг програма можат да го успорат вашиот напредок, доколку не му оставате на телото доволно време да акумулира сила за новите вежби.

дали треба да ја менувате вашата тренинг програма

Кога треба да ја промените програмата?

Не постои универзален одговор на ова прашање бидејќи тој зависи од многу фактори. Но, вашето тело ви дава доволно знаци со кои ви покажува дека е време за промена. Ова се трите кои се најочигледни:

1. Вашето тело не се менува – во текот на еден – два месеци сте виделе прогрес, но веќе некое време стагнирате.

2. Не можете да ги зголемите тежините со кои вежбате – ако подолго време не успевате да ги зголемите тежините со кои вежбате, време е да направите друга промена во вашата тренинг програма која ќе ви помогне да излезете од зоната на комфор.

3. Го губите ентузијазмот – ако веќе не чувствувате силна потреба да го буткате телото до границите на издржливоста, тоа е знак дека програмата ви станала здодевна. Направете промена за повторно да влезете во теретана со зацртана цел и волја да направите сè за да ја постигнете.

тренинг програма - знаци дека треба да ја промените

Како да ја промените вашата тренинг програма?

Зацртаната програма можете да ја менувате од повеќе аспекти за да предизвикате промени на вашето тело и да почувствувате видлив прогрес.

  • Сетови и повторувања

Секој пат вежбате по 5 сета од по 10 повторувања? Зголемете го бројот на повторувања за да го натерате телото да се бори да издржи подолго време. Обидете се со 4 сета од по 15 повторувања, без да правите промени во тежините.

  • Паузи

Кога правите потешки вежби, нормално е да правите поголеми паузи за опоравување помеѓу сетови. Но, обидете се да го намалувате времето за одмор за да го извадите телото од зоната на комфор.

  • Тежина

Не се фаќајте за истите тегови секој пат, поместете ги сопствените граници! Натерајте го телото да се бори со тоа што ќе му дадете предизвик со поголема тежина. Доколку веќе вежбате со големи тежини, обидете се да ги намалите, со тоа што ќе го зголемите времето на тензија. За кратко време ќе забележите каков ефект има тоа на вашето тело.

тренинг програма - зголемена тежина

  • Темпо

Менувањето на темпото на вежбање е одличен начин да го изненадите телото со поголем напор, бидејќи темпото го менува времето за кое мускулите се под тензија.

Иако можеби се чувствувате одлично во вашата тренинг програма, тоа не значи дека таа е најдобра за вас. Затоа е важно да си поставите јасни цели кои очекувате од себе да ги постигнете. Ако работите на конкретна цел вие ќе можете да го мерите и прогресот. Така веднаш ќе знаете кога дошло време за промена. А тогаш, направете нешто што ќе ве извади од колосек и ќе му даде нов предизвик на телото. Само така ќе ја постигнете промената која ја сакате.

За авторот

Хонг