Настани Фитнес

Fit Games ги спои најиздржливите момци и девојки! (фото галерија)

fit games 18
Напишано од martin

Во саботата на тениското игралиште до Protein Lab се одржа натпревар во функционален фитнес/кросфит под името Fit Games каде учесниците имаа можност да се дружат и да ги одмерат силите во 8 вежби од напредно ниво.

Учество во натпреварот земаа 28 натпреварувачи, од кои 19 мажи и 9 жени, а беа избрани по тројца најдобри од женска и машка категорија. На прво место со најмногу бодови од сите вежби завршија Вики Ристоска и Игор Попоски, на второ место беа Симона Велјановска и Владо Најдоски, а третото место им припадна на Соња Јанковиќ и Филип Гигов.

Настанот беше организиран од Protein Lab во соработка со Nagomy Fitness Centre и Crossfit Skopje, со поддршка од ресторанот за здрава храна Prote.in, вода MaYa и Flexofytol.

„Позитивно сме изненадени од бројот на учесници, а уште повеќе од бројот на девојки кои се пријавија. Докажуваме дека полека но сигурно, и девојките си имаат своја улога и важност во “железниот свет” на фитнесот и кросфитот. Имајќи во предвид дека основната цел и мотив за организација на Fit Games беше промоција на здравиот и активен начин на живот и поттикнување на што е можно повеќе луѓе да го изберат за свое секојдневие, среќни сме што придонесовме уште еднаш да се побијат предрасудите дека фитнесот е свет на мажи. Сите учесници, а и оние кои дојдоа да ги поддржат нѝ покажаа дека ова беше навистина квалитетен натпревар со тоа што ги издржаа сите предизвици кои нѝ ги приреди времето. За ова секако беа заслужни и Гораст Цветковски и Дарко Андонов – DJ Irie Scratch кои неуморно нè забавуваа и мотивираа. Имаме уште многу убави зборови за целиот настан, но сè ќе биде јасно ако кажеме дека веќе размислуваме за второ издание на Fit Games.“ – изјавуваат од Protein Lab.

Фото: Горан Филиповски

За авторот

martin