Настани Фитнес

Fit Games – настанот на кој ќе се одмерат силите во функционален фитнес

fit games
Напишано од martin

Следната сабота, на 28 октомври во Скопје ќе се одржи натпревар во функционален фитнес/кросфит под името Fit Games, во организација на Protein Lab, во соработка со Crossfit Скопје и Nagomy Fitness центарот. Настанот ќе опфати натпревар во 8 вежби од напредно ниво во функционален фитнес подготвени од страна на двата фитнес центри, но и дегустации на спортска и здрава храна, како и забавна програма за публиката.

Настанот ќе го води актерот Гораст Цветковски, a музички сет ќе има диџејот Irie Scratch. Од Protein Lab ќе обезбедат примероци од спортски суплементи за дегустација, а ресторанот Prote.in ќе подготви здрава и нутритивно богата храна за натпреварувачите, но и за дегустација за публиката.

„Сакаме да приредиме целосно искуство и за натпреварувачите и за оние кои ќе дојдат да го следат адреналинскиот натпревар, бидејќи основната цел и мотив за организација на Fit Games е промоција на здравиот и активен начин на живот и поттикнување на што е можно повеќе луѓе да го изберат за свое секојдневие. Од лично искуство ги знаеме придобивките од фит животниот стил и сакаме тоа искуство да го споделиме со сите околу нас. Затоа сериозноста на натпреварот ќе ја зачиниме со хуморот и позитивниот дух на Гораст кој е исто така активен во фитнесот и наш голем поддржувач, а музичкиот сет ќе има за цел да ги мотивира натпреварувачите и да ја забавува публиката. Бидејќи балансираниот, правилен начин на исхрана е неизоставен дел од фитнесот, обезбедивме и можност за дегустација за сите кои ги интересира како изгледаат тие „чисти“ оброци. Настанот е од отворен тип и ги повикуваме сите кои се расположени за дружење да нѝ се придружат во сабота.“ – објаснуваат од Protein Lab.

Настанот ќе се одржи на тениското игралиште веднаш до високата кула Gorenje во Карпош 3, со почеток од 12 часот. Натпреварот е поддржан од Flexofytol и MaYa. Сите детали се достапни на официјалната Facebook страница на настанот.

За авторот

martin