Водич за готвење

Фит исхрана: Како да го распоредите внесот на калории

Напишано од Пјер

Внесот на калории е еден од главните фактори кои влијаат на вашата телесна форма. Кога станува збор за нивната количина, математиката е прилично едноставна – ако сакате да се ослободите од вишок килограми и телесни масти треба да внесувате помалку калории од тоа што го трошите во текот на денот. Но, најголемите дилеми се појавуваат во однос на временскиот распоред за дневниот внес на калории. Затоа ќе разгледаме накратко кои се заклучоците до кои науката дошла на оваа тема.

Неколку истражувања покажуваат дека луѓето кои го внесуваат поголемиот дел од калориите во првата половина од денот имаат подобар метаболизам и побрзо слабеат од оние кои внесот на калории го фокусираат подоцна во денот.

Дали ова значи дека со правилен распоред на внесот на калории можете да ги избегнете диетите?

Иако ваквиот пристап покажува одлични резултати, истите овие истражувања нагласуваат дека сите испитаници внесувале 600 калории помалку во денот, од она што вообичаено го внесувале. Временскиот распоред на внесот на калории помогнал да се постигнат поголеми резултати со истиот начин на исхрана.

правилен распоред на внсеот на калории

Што ако немате време за појадок?

Прескокнувањето на појадокот може сериозно да ја наруши способноста на телото да топи масти. Но, од друга страна пак, одлагањето на обилниот појадок може да ви помогне да го намалите апетитот без да му наштетите на вашето здравје, под услов да консумирате овошје, овесна каша, или барем вода со лимон кратко по будењето, за да го „разбудите“ и метаболизмот. На тој начин телото ќе ги троши наталожените масти како извор на енергија во следните 2-3 часа, кога ќе дојде време за вистинскиот оброк.

Како внесот на калории влијае на вашиот тренинг?

Времето во кое го внесувате поголемиот дел од калориите зависи од времето во кое вежбате. За да имате добри резултати во фитнесот, морате да му обезбедите на телото доволно извори на енергија. Ако вежбате подоцна во денот, консумирајте обилен оброк 3-4 часа пред тренингот. Внимавајте и на тоа вашите оброци да бидат богати со извори на протеини за да му помогнете на мускулниот систем да се опорави од напорот.

правилен распоред на внесот на калории

Дали ова значи дека ќе бидете гладни навечер?

Гладувањето не е дел од ниту еден режим за балансирана исхрана, па така не е вклучено ни тука. Можете да консумирате калории во текот на вечерта, но значително помалку од оние кои ги внесувате порано во денот, и по можност неколку часа пред да одите да спиете. На овој начин ќе одржувате оптимално ниво на шеќерот во крвта и телото ќе има енергија онолку колку што му е потребна. Протеинските чоколади се одлични за оваа намена, бидејќи го задоволуваат вашиот апетит без да го покачат драстично внесот на калории. Уште една добра стратегија за намалување на апетитот во вечерните часови е да внесувате храна богата со протеини и растителни влакна во текот на денот, за да ве држат сити подолго време.

МариоФит

За авторот

Пјер