Настани

Фото: Како помина месецот на модата во Skopje City Mall

За сите љубители на модата и модните трендови, изминатиот месец Skopje City Mall организираше кампања “Fashion month”, во која четири недели беа посветени на различни групи на производи каде беше презентирана понудата на закупците.

Просториите во трговскиот центар беа полни со посетители кои уживаа во шопингот, попустите, забавата, изложбите и креативните работилници.

Првата недела беше фокусирана на матурантите, втората на џинсот, третата недела беше посветена на чевлите (shoes week) и последната недела беше резервирана за фустаните (dress week), со што се заокружи месецот на модата.

Нашиот најголем трговски центар настојува на своите посетители да им овозможи квалитетен шопинг, забава и со секоја посета да создаде посебно доживување. Во чекор со сите глобални достигнувања, Skopje City Mall со своите настани и активности одржува постојана интеракција со своите потрошувачи. Во месецот на модата, секој вљубеник во добриот моден стил имаше можност да го надополни својот гардеробер со квалитетни парчиња облека кои беа понудени од закупците по намалени цени.

За авторот

martin