Автомобили

Франкфурт 2017: Volkswagen Group- заштеди, инвестиции и електрификација

Напишано од martin

За прв пат Volkswagen Group направи преглед на своите новини во прилично економски формат – без музички групи, танцови, фанфари и огномети. Ништо надвор од рамките на презентацијата и без оној вообичаен декор и гламурозни дополнувања.

Во предвечерјето на IAA 2017 во Франкфурт Volkswagen Group ги презентираше пред своите деловни партнери, новинари, соработници… сите свои брендови, во истата сала, каде во наредните неколку дена ќе бидат претставени и на пошироката јавност. И тоа не е случајно, едноставно мора да се штеди, бидејќи како што беше апострофирано вкупните трошоци на Volkswagen Group, кои допрва претстојат се околу 50 милијарди евра, за да може да се влезе во електричната ера и да се елиминираат проблемите околу Dieselgate. Шефот на групата Матијас Милер, објави прилично амбициозна програма, според која до 2025 година секој четврти автомобил на марките во VW Group ќе биде електричен, а до 2030 година секој модел ќе има и чисто електрична опција. Тоа значи над 80 електрифицирани модели до 2025, за кои ќе бидат инвестирани 20 милијарди евра.

Иднината започнува во Франкфурт. Од VW потврдија дека за само две години ќе започне со сериско производство на електрични возила, а воедно го покажа и како и ќе изгледа тој нов член на идното семејство на електрични возила I.D., развиен на новата платформа за електро-моделот. Модерната верзија на иконата од 60-тите на минатиот век, Microbus, која мора да биде објавена во 2022 година и компактниот I.D. Crozz ќе го следи во 2023 година. На иста тема „господарот на прстените“ претстави два прототипа: Audi SUV Coupe Concept и Audi D Segment Concept-Аicon, а блесна и следната концепција на Vision – E на Škoda. Од класичните новитети VW ја покажа следната генерација на бестселерот кај субкомпактите – Polo , како и новиот мал кросовер T-Roc. Audi свои адути во Франкфурт има во A4 и A5 G-Tron, како и сосема новото поколение на Audi A8. Останатите брендови, исто така, имаат голем број иновации. Новината од Bentley е Continental GT, од Porsche изданијата 911 GT2 RS и обновениот Cayenne, малиот кросовер на SEAT Arona и новата Ibiza.

Превземено од http://www.avtoplus.mk.

За авторот

martin