Интервјуа

ГИ НЕМА ТИЕ ПАРИ НА СВЕТОТ ШТО ЌЕ ГО ПЛАТАТ МОЕТО ЗАДОВОЛСТВО ОД УСПЕШНО ЗАВРШЕНАТА РАБОТА

Напишано од martin

Ексклузивно тимот на Friday.mk се дружеше со Дарко Панчевски, од секторот за маркетинг на Skopje City Mall.

Задолжени сте за маркетингот во Skopje City Mall. Како би ја опишале вашата работа, што сè подразбира таа?

 Тоа е еден од оние професионални ангажмани што ве обзема целосно, бескомпромисно. Затоа би рекол дека мојата работа пред сѐ бара многу труд и посветеност. Мора да бидете во постојан контакт и континуирано будни за секој сегмент од јавниот живот, бидејќи таа сензитивност за општествениот амбиент и потребите на населението ќе ви заштеди многу недоразбирања и дискомуникација со потрошувачите. Трговскиот сектор е прв на удар и ја чувствува и најмалата промена во околината. Се сè одразува на посетеноста и на продажбата, па затоа мораме брзо и навремено да реагираме. Покрај секојдневните работни обврски кои ги имам во канцеларија и на терен, често се случува да помагам и во извршување на некои технички работи, како на пример преместување на банер или пак позиционирање на некаква опрема и сл.

Како изгледа еден ваш работен ден?

 Мојот работен ден трае 24/7 во буквална смисла, исполнет со динамичност и креативност. Впрочем, можам да кажам дека не постои фиксно работно време, ја следам активноста на социјалните мрежи во текот на целиот ден, навечер често размилсувам што следно да организираме. За оние што навистина си ја сакаат својата работа, награда им се позитивните резултати од добро сработените задачи. Она што исто така го сакам во оваа професија  е тоа што доколку работите како што треба, ви се отвораат сите врати на кои ќе се обратите. И ги нема тие пари на светот што ќе го платат моето задоволство од успешно завршените проекти и постигнатите таргети.

Што е според вас потребно за еден шопинг центар да опстојува успешно и да биде градски „hot spot“ како што е тоа Skopje City Mall последниве пет години?

 Сите знаеме дека денешните потрошувачи се многу активни, информирани, точно знаат што сакаат и каков квалитет на услуга и производ ги задоволува нивните потреби. Шопинг центрите мора да се натпреваруваат со сите глобални достигнувања во контекст на стандардите, квалитетот на услугата, интеракција со потрошувачите, понуда на брендовите, целокупниот амбиент и сите останати решенија што се атракција и доживување за посетителите, бидејќи во шопинг центрите луѓето секогаш доаѓаат со позитивна енергија, затоа е важно да се пресретнат овие потреби, но и да се биде во постојан тек со трендовите што се менуваат.

На кој начин успевате да допрете до потрошувачите и што правите за да ги задржите?

 Исклучително големо внимание посветуваме на комуникацијата со потрошувачите, дури и кога тие не се присутни во Skopje City Mall. Имаме повеќе од 230.000 фанови на Фејсбук и 12.000 следбеници на Инстаграм, каде што постои интеракција со потрошувачите. Исто така, тука се и традиционалните медиуми како радиото, телевизијата, магазините и сл.

Многу внимание посветуваме и на деталите, се грижиме за убавиот амбиент, топлите бои, пријатната температура, изборот на храна, пијалоци и други забавни содржини, што го прават Skopje City Mall главно место кадешто луѓето го поминуваат своето слободно време.

Раскажете ни накратко нешто од приватниот живот и како професијата влијае на него, дали успевате да направите еден баланс?

Во приватниот живот сум комплетно различен од оној Дарко кој ќе го запознаете во Skopje City Mall.  Живеам динамично и слободното време ми е исполнето со различни активности. Често сум излезен низ скопските улици, не пропуштам концерт или журка, фан сум на Вардар и МЗТ Скопје, па често ги бодрам од трибините. Сакам да патувам и истражувам, а многу често знам и да останам до доцна во ноќните часови во моето маало во Ново Лисиче со друштво или пак да заминам во викендицата и да ги наполнам батериите за новите предизвици. Професијата сѐ повеќе и повеќе ми го менува приватниот живот, останува помалку време за дружење и активноси, но тоа воопшто не ми пречи, бидејќи во принцип сум личност која брзо се адаптира на секоја нова ситуација и знае како да избалансира.

Овој месец Skopje City Mall слави 5 години постоење и за овие неколку години успеа да се позиционира како лидер на пазарот. Што е она што го прави овој трговски центар успешен и примамлив за посетителите?

Skopje City Mall е единсвениот трговски центар во регионот кој ги има прифатено и имплементирано стандардите на еден модерен трговски центар. Кохезијата на амбиентот (пристап, безбедност, инфраструктура, хигиена), големиот избор на брендови и продавници, понудата на забава, ресторани и кафе барови, како и одличните настани и кампањи кои постојано ги организираме го издвојуваат од целата конкуренција на пазарот. Нашиот пристап до потрошувачите е многу директен и транспарентен, па кога ќе се разгледаат сите овие карактеристики, лесно може да се одговори на прашањето зошто Skopje City Mall e примамлив и успешен трговски центар.

Најавена е голема роденденска прослава на трговскиот центар. Споделете ни што всушност ќе се случува тие денови?

По повод мини-јубилејот 5 години, подготвивме многу активности интересни за сите генерации и за сечиј вкус. Тридневен шопинг фестивал со попусти од 06.10 до 08.10, до Late Night Shopping на 07.10 кога продавниците ќе работат до полноќ, потоа следи и ултра-спектакуларно музичко шоу со домашни изведувачи кои твореа и имаат хитови во 90тите години, настап на реномираниот Dj James Zabiela, како и семеен ден со главна активност-настап на Петко и бендот 5+ . Сѐ на сѐ можам да заокружам дека ова е еден од најинтересните настани кои што се организирани во последно време во нашата држава.

За авторот

martin