Настани

Голема забава за првачиња во Skopje City Mall

Напишано од martin

За перфектен старт на новата учебна година, Skopje City Mall организира голема забава за првачиња во понеделник (04.09), со почеток од 13:00 часот.

На влезот пред Play Café ќе се забавуваме заедно со Ивце Пивце и Марија Јанчевска. Ќе нѐ очекува многу игра, весели и насмеани лица, детски квиз со награди од Euro Danvest, ќе се доделуваат медали, а првачињата ќе положуваат заклетви. Ќе биде промовирана и песната “Првачиња колачиња”, химна за првачињата и првиот училишен ден со хорот на Златно славејче. Следат и многу специјални изненадувања кои Skopje City Mall ги подготви за своите посетители.

“Постојано организираме разни семејни настани и кампањи посветени на дечињата и нудиме многу изненадувања, забава и гаранција за весели и насмеани лица. Особено задоволство ни претставува организирањето на овој настан “Добредојдовте првачиња”, со кој ќе им го разубавиме првиот училишен ден на учениците и родителите. Ве повикуваме заедно да го испратиме летото, да го прославиме првиот училишен ден и да им посакаме на учениците среќна учебна година!” – изјави претставникот на маркетинг секторот, Дарко Панчевски.

За повеќе информации отворете ја официјалната фејсбук страна на Skopje City Mall https://www.facebook.com/SkopjeCityMall/.  Песничката “Првачиња колачиња” слушнете ја на http://skopjecitymall.mk/prvacinjakolacinja/ и научете ја за сите заедно да ја пееме и да се веселиме на 4ти септември.

За авторот

martin