Метрополи

Градот број еден за патување во 2017 е…

Напишано од Пјер

Главниот град на Тајланд, Бангкок оваа година е градот број еден на листата за патување.

Иако Лондон беше на првото место во 2012 година, Бангкок го надмина со минимална разлика во бројот на посетители, која изнесуваше 25.000, што е разлика од еден процент.

Истражувањето го зема во предвид најголемиот број на меѓународни посетители во текот на 2013 година, а меѓу првите пет се најдоа и Лондон, Париз, Сингапур и Њујорк.

Забележлив тренд во овогодинешниот извештај е доминацијата на азиско-пацифичкиот регион. Од вкупно 132 градови кои беа рангирани, 42 се од азиските земји.

Зад Бангкок, следи Сингапур, Куала Лумпур, Хонг Конг, Сеул, Шангај и Токио, а пет од топ 10 градови во 2013 година се од областа на Големата Кина, која ги вклучува Кина, Хонг Конг, Макао и Тајван.

За авторот

Пјер