Одржување

Грижете се за вашите чевли дури и кога сте на брзање

Напишано од Нино

Тука пред се мислиме на полирањето. Верувајте, знаеме дека нема време, дека сте во брзање од 7 наутро до 23 навечер. Деновите одминуваат брзо, утрата не ги приметуваме, и оп од никаде ќе приметиме дека чевлите веќе ни се распаѓаат и дека ќе треба да се оди на нов шопинг.

Или пак само што ќе искочите од дома на некоја формална (може и неформална) средба, дотерани од глава до глужд (без пети, зошто збориме за чевлите), ќе приметите дека чевлите не ви се во најдобра форма и оставаат дамка на целосниот ваш одличен стајлинг.

Затоа пред излегување од дома, без разлика колку е итно и нема време, фрлете еден поглед кон чевлите. Водичот подоле е долг само една минута. Значи од 1440 минути во денот, една минута не е тешко да одвоите во текот на денот. Следете внимателно –

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)