Креатива

GULAS PI1 – мангупски електричен велосипед

Можеби на прв поглед, повеќе личи на мотор отколку на велосипед. Електричните велосипеди можете да ги сакате или да не ги сакате, иако тие понекогаш знаат да бидат досадни, овој што денеска ќе ви го претставиме е навистина одличен.

Станува збор за GULAS PI1 велосипедот кој ќе ве привлече со својот изглед и дизајн. Тој на прв поглед изгледа како навистина олд скул модел на мотор, но кога подобро ќе загледате ќе видите дека станува збор за велосипед. Рамката е перфектно дизајнирана и има големи закривени облици. Во средината на рамката се наоѓа моторот кој е скриен со куќиште.

Меѓутоа, она што е најимпресивно кај овој велосипед е тоа што тој може да се движи со брзина до 114 км/ч. Електричниот мотор развива 38 коњски сили кои го прават велосипедот побрз од обичен скутер.

За авторот

martin