Економија

H&M и Zara му дишат во врат на Louis Vuitton на најновата Best Fashion Brands листа

hm-zara-louis-vuitton-hermes-best-fashion-brands-2016-01-1200x800
Напишано од Хонг

Модната индустрија од година во година е се помоќна. Доказ за тоа е и Ортега сопственикот на Шпанската групација на брендови кој е прв на листата на најбогати моќници во светот. Interbrand’s Best Global Brands тукушто ја објави нивната најнова листа, на која има неколку интересни промени.

Прв на листата сеуште се држи Louis Vuitton ($23,998 million). Следни се малку поефтините брендови, H&M ($22,681 million) и Zara ($16,766 million). Четврти е Hermès ($12,833 million), следен од ($9,385 million), Cartier ($7,738 million), Tiffany & Co. ($5,761 million), Prada ($5,504 million), Burberry ($5,362 million), Dior ($4,409 million) и Ralph Lauren ($4,092 million).

Податоците се земени од повеќе извори, како финансиските перформанси, лојалноста на купувачите, и моќта на името на самиот бренд.

На ниво на сите брендови, Apple и Google сеуште доминираат.

За авторот

Хонг

Остави коментар