Настани

Хотел Мериот ќе биде срцето на модата во Скопје

Напишано од martin

Од 22 до 24 октомври 2017 година Хотел Мериот ќе биде срцето на модата во Скопје и Македонија, бидејќи таму ќе се одржи Fashion Weekend Skopje 2017. И оваа година нашиот главен град ќе се спротистави на модните стереотипи и ќе нагласи дека сите треба да бидеме свои и слободни, и да ги комбинираме на најдобар можен начин новите модни парчиња.

На познатото модно шоу ќе може дa видат голем број од познатите и нови млади дизајнери и брендови кои што ќе ја презентираат својата работа и нивните уникатни идеи преку кои ќе се подигне модата на повисоко ниво.

Во склоп на ова издание, како успешен спој на модата и креативноста, дел од Fashion Weekend Skopje ќе биде македонскиот бренд за дизајнирање на чевли и чанти, DIAS Shoes & Bags. Преку нивниот концепт кој што нуди да имате персонализирани модни парчиња, однсоно можност сами да си ги дизајнирате своите чани и чевли, се внесе една свежина во модниот свет која и фалеше на Македонија.

DIAS Shoes & Bags на овој моден викенд ќе го претстави својот концепт на работа преку кој сака да на натера да бидеме слободни, уникатни и единствени во она што го носиме и да се ослободиме од формалностите, бидејќи модните парчиња, не отсликуваат нас и тоа што сме ние.

Во продолжение погледнете дел од нивниот асортиман на производи.

За авторот

martin