Архитектура

Хотелот направен од мраз сеуште е вистинска атракција во Шведска

Станува збор за еден од најатрактивни хотели во светот кој што се наоѓа во северниот дел на Шведска и кој што е оперативен уште во далечната 1989 година. Она што е најатрактивното е што овој хотел е изграден целиот до мраз и секоја година се користат тони и тони блокови од мраз само поради причината дека тој се топи кога завршува зимската сезона.

Цикличната природа на хотелот е во тоа што нуди единствена можност за изведувачите и инженерите да создадат нешто ново секоја година. ‘Cold Rooms’ апартманите се направени целосно од мраз и се најдобар пример за овие колективни напори. Оваа година повеќе од 20 соби беа направени од страна на голем број архитекти и изведувачи.

За авторот

Мартин

Остави коментар