Настани

Хуманитарна акција за стерилизација на бездомни кучиња

Напишано од Пјер

ЈП Паркинзи на Општина Центар и здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ организираат голема хуманитарна забава за стерилизација на бездомните кучиња на територија на Општина Центар.

Со оваа хуманитарна акција сите заедно можеме да ја подигнеме свеста и да го спречиме неконтролираното размножување на бездомните кучиња во Општина Центар. Со стерилизација животните живеат подолг и поздрав живот. Стерилизираните животни имаат смирен хормонален статус и не се здружуваат во глутници, се намалува нивното размножување и се намалува бројката на луѓе на кои им пречат животните.

Хуманитарната забава ќе се одржи во Брик бар на 19.05.2017 година (петок) со почеток од 21:30 часот.

 

ЈП ПОЦ ги поканува сите граѓани кои се во можност да дојдат и со секој купен пијалок или доброволен прилог во кутиите за донации да помогнат во најголемата акција за стерилизација на бездомните кучиња на територија на Општина Центар со што заедно ќе помогнеме трајно да се реши проблемот со бездомните кучиња во општината.

За авторот

Пјер