Технологија

Иднината: Како ќе изгледа светот до 2020 година?

Напишано од martin

Брзото темпо на развојот на технологијата многу успешно го менува светот и нашиот секојдневен живот. Дали на подобро или на полошо, тоа е една интересна тема за дискусија. Но, како ќе изгледа светот за некоја година, 2020 на пример?

Во компанијата Facebook многу обрнуваат внимание на ова прашање и помеѓу милион податоци кои ги имаат при рака, одвоија неколку преку кои може да предвидат каква ќе биде блиската иднина. Според некои проценки, до 2020 година, поголемиот дел од луѓето ќе имаат паметни телефони. По прв пат во историјата, поголемиот дел од популацијата во светот ќе имаат пристап до интернет, за разлика од оние кои немаат.

Во Facebook се проценува дека до 2020 година повеќе од 75 % од мибилниот интернет ќе припаѓа на видеата, бидејќи луѓето се повеќе гледаат видеа на мобилните телефони, отколку на лаптоп, статичен компјутер или пак таблет. Користењето на паметните телефони им овозможи на луѓето секогаш да бидат во тек со случувањата околу нив, но сепак, многу повеќе им ја намали концентрацијата.

Интересен податок е дека се повеќе и повеќе, луѓето ќе ја користат можноста да емитуваат виде во живо. Дури денеска, секое петто видео на Facebook, е снимани во живо. Нема да постои границата помеѓу виртуелната и вистинската реалност. Луѓето со помош на виртуелната реалност ќе бидат во можност да пробуваат костуми, чевли и слично пред купување, да тестираат автомобили и дестинации кои ќе сакаат да ги посетат, а одењето на натпревари или концерти во биоскоп ќе добие една нова димензија.

Виртуелната реалност, мора да признаеме дека влијае и на меѓучовечките односи. Дури 93 % од испираните луѓе, очекуваат дека до 2020 година, ќе запознаат некој преку виртуелната реалност. Освен тоа, секое трето сурфање на интернет ќе се одвива преку гласовни пораки, а не преку екранот, бидејќи луѓето се повеќе користат лични виртуелни асистенти.

За авторот

martin