Uncategorized Бизнис совети

„Инвестирајте во бизнис кој секоја будала може да го води“

Напишано од Нино

Еден од најбогатите луѓе во светот, американскиот инвеститор Ворен Бафет смета дека наместо во газдата, треба да инвестирате во „бизнис кој секоја будала може да го води“…

Брилијантните и образувани менаџери се синоним за компанијата како Стив Џобс, Марк Цукерберг и Џеф Безос. Меѓутоа, Бафет смета дека наместо во газадата, треба да инвестирате во „бизнис кој секоја будала може да го води“, бидејќи инвестирањето во компанија врз основа на нејзините лидери, некогаш не е најдобрата опција.

Во интервјуто кое го даде за Анкетниот одбор за финансиската криза во 2010 година го прашаа што го привлекува во управувањето со „Moody’s“ –агенцијата за кредитен рејтинг, која беше во центарот на дебаклот со хипотекарните хартии од вредност, кога ја оствари својата почетна инвестиција.

„Ништо не знаев за управувањето на „Moody’s“. Кога менаџмент со брилијантна репутација ќе работи на угледот на некоја лоша економија, репутацијата на бизнисот останува недопрена“, изјави Бафет.

Бафет истакнува дека ако имате доволно добар бизнис, ако имате монопол над новинарите, ако имате телевизиска станица „тогаш бизнисот може да го води и вашиот роднина идиот“. Тој истакна дека ако имате навистина добар бизнис, не постои разлика во тоа кој го води.

Накратко Бафет смета дека би можело да биде паметно да инвестирате во компании кои ќе донесат профит, без оглед на тоа „кој го придвижува шоуто“.

Denar.mk

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)