Фитнес

ИСТРАЖУВАЊЕ: Со која брзина е НАЈДОБРО да се изведуваат стомачните вежби ?

Напишано од Пјер

Многумина веруваат дека спори, контролирани контракции за време на тренингот  ги активираат мускулните влакна најдобро. Но, истражувачите го докажале спротивното – барем за една вежба. Тие ја мереле абдоминалната мускулна активација за време на брзи и спори curls up  со електромиографија (EMG). Тие прикачиле електроди на rectus abdominis (стомачниот six pack), страничните мускули (obliques) и на erector spinae (`рбетните мускули).

Истражувачите ја мереле мускулната активираност кога тестираните ги изведувале вежбите со 4 различни брзини, почнувајќи од 4 секунди до максимална брзина на изведување (1 секунда). Тие откриле дека мускулната активација се ЗГОЛЕМУВАЛА паралелно како што се зголемувала брзината на изведување на вежбата. Истражувачите заклучиле дека изведувањето на изведување на оваа стомачна вежба со поголема брзина е најдобриот начин за стимулирање на абдоменлните мускули и градење на динамична `рбетна стабилност.

Но запомнете, не ги изведувајте многу брзо стомачните вежби ако НЕ МОЖЕТЕ да задржите добра форма на изведување.

За авторот

Пјер