Луксуз

IWC со три нови прекрасни Portugieser Chronograph Rattrapantes рачни часовници

Напишано од Нино

За прв пат по 2006, Швајцарскиот луксузен бренд за рачни часовници IWC, релансира нови модели од нивната Portugieser Chronograph Rattrapante линија. Почетоците на оваа линија датираат од 1995, па по релансирањето во 2006 на нивниот нов дизајн, во 2016 имаме уште една новост во чест на нивните најлуксузни Европски продавници. Значи, имаме три нови модели, сите кој од кој, во чест на Париз, Милано и Минхен.

“Boutique Rue de la Paix” и “Boutique Munich” се во класична 41 mm stainless steel варијанта, додека “Boutique Milano” е во црвено златна комбинација. Миланскиот модел е е веќе во оптек, во ограничена количина од 100 парчиња, по солена цена од 21500 евра. Моделот во чест на Париз ќе биде достапен на крај од Декември, додека Минхенскиот модел ќе го чекаме до Март.

iwc-split-second-chronographs-milan-munich-paris-4 iwc-split-second-chronographs-milan-munich-paris-3 iwc-split-second-chronographs-milan-munich-paris-2

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)