Пијалоци

JOHNNIE WALKER BLENDERS’ BATCH RED RYE FINISH, виски за модерното време.

wwww
Напишано од Мартин

Предизвикани од постоечката ситуација „статус кво во правење на виски“ експертите од Diageo го применија сето свое знаење, експертиза и интуиција за да ѝ понудат на публиката најдобра можна комбинација на вкусови.

Во склоп на проектот Johnnie Walker Blenders’ Batch се прават експериментални блендови во кој Johnnie Walker вкусовите ќе бидат претставени на највлијателните личности низ целиот свет. Само најдобрите експерименти во ограничени изданија ќе бидат претставени и на пошироката публика.

Компанијата Гемак Трејд – генерален дистрибутер на Johnny Walker производите на македонскиот пазар, веќе го представи  првиот производ од проектот –  Johnnie Walker Blenders’ Batch Red Rye Finish, Scotch виски инспирирано од  aмериканското виски.

Johnnie Walker Blenders’ Batch Red Rye Finish е невообичаено лесно и слатко Scotch виски, кое иако ги задржува добро познатите ноти и зачини кои го направија Johnnie Walker Red омилен бренд на многу генерации, сепак носи и нова, свежа нота како резултат од зреењето во бурињата од rye виски.

Уживањето е посебно кога го пиете чист или со мраз, но, навистина се истакнува кога се пие како „long drink” со gingerale или сода, или пак, како основа за класичниот Manhattan коктел, каде слаткиот вкус особено доаѓа до израз.

Подгответе Red Rye Finish Manhattan коктел и почувствувајте ја одличната комбинација на класичниот американски коктел и rye виски. Наполнете ја чашата за коктели со 50 мл. Johnnie Walker Blenders’ Batch Red Rye Finish, 25 мл. сладок вермут и 1 доза ангостура битер. Промешајте добро околу 20 секунди и сипајте во чаша за коктел. Додадете малку цеден портокал и 1 мараскино цреша и послужете.

Уживајте!

#JWBlendersBatch #JWRedRye #JohnnieWalker

 Консумирајте одговорно.

За авторот

Мартин