Стил

Каде во Македонија може да купите уникатни чевли?

Напишано од martin

Денес светски тренд е сѐ поголема персоснализација на гардеробата како и купувањето на уникатни производи. Познатите личности веќе оддамна големо значење и вреднување им даваат на работите кои се специјално изработени само за нив, од материјали кои сами ќе ги одберат, кога на нив ќе ги има нивните иницијали или други симболи кои имаат посебно значење.

Кај нас до неодамна беше речиси невозможно да најдете бренд кој ви ја нуди оваа можност, а ова особено важеше за чевлите. Но сега конечно и македонците можат да ја имаат оваа привилегија, да добијат врвен квалитет и производи изработени од најквалитетни материјали, а притоа да бидат моделирани според нивни замисли и потреби.

Ви го претставуваме брендот DIAS, кој полека влегува на голема врата во светот на модата и луксузот. Уникатните чанти, чевли и модни додатоци за мажи и жени, направија вистинско освежување во понудата. Со својот нов концепт DIAS им дава можност на мажите да ги носат оние чевли кои најмногу им се допаѓаат и им одговараат за нивната пригода. Уникатни и единствени, секој маж може да дизајнира, нарача и купи чевли во салонот на DIAS. Конечно кај нив може да бирате боја на кожа, модел, да ставите ваши иницијали, број и слично со што вашите чевли ќе се издвојуваат од сите други. DIAS е победничкото решение за сите оние кои сакаат да се истакнат и да ја изразат својата индивидуалност преку совршени custom made чевли.

Ова е важно на секој модерен и урбан маж кој знае што најдобро му прилега и кој стил најдобро го карактеризира. Така некои од мажите сакаат исклучиво класични чевли, други пак сакаат да бидат екстравагантни и впечатливи, трети пак сакаат нивните чевли да се издвојуваат на тој начин што на истите ќе има иницијали, букви и слично.

Драгана и Иван, креаторите од DIAS велат дека од досегашното искуство денес огромен број од мажите во Македонија навистина внимаваат на својот изглед, a особено на изборот на чевли. Тие се највпечатливиот дел од гардеробата на еден маж. Чевлите истовремено треба да бидат убави, елегантни, удобни и да го отсликуваат карактерот на оној кој ги носи.

Сите се согласивме дека во свет каде што секој се обидува да се вклопи, единствениот начин да бидете уникатни е да бидете свои, а токму тоа ќе го добиете со овие уникатни модели на DIAS.

Посетете ја нивната Фејбук фан страна или контактирајте ги на бројот 078 399 858 и направете ги вашите уникатни чевли како што сте вие, можностите се бескрајни.

За авторот

martin