Омилени места

Каде во Скопје може да го јадете најубавиот хот-дог?

Напишано од martin

Еден од омилените fast food рецепти на голем број на луѓе ширум светот е дефинитивно хот-дог. Едноставно, практично, а премногу вкусно. Во центарот на Скопје, низ Дебар Маалските улички, се крие место каде што хот-догот се гледа како уметност, а тоа место се вика DOGGY’S. Скопје може да се радува на многу убави нешта во последно време кои го прават примамлив и близок до сите светски метрополи. Така е и сo DOGGY’S. Првото место кај нас кое нуди превкусни и различни видови на хот-дог.

Еве неколку предлози кои мора задолжително да ги пробате од нивното мени.

Кифла, виршла, домат, авокадо

Кифла, виршла, чедар, пржена сланина и зелен релиш

Кифла, виршла, чедар, јајца, халапењос

Кифла, виршла, авокадо, чипс од кромид, халапењос

 

За авторот

martin