Кариера

Како да дојдете до бизнис идеја?

business-motivation
Напишано од Хонг

Многу луѓе сонуваат за започнување на сопствен бизнис, но како да се најде вистинската идеја? Клучот е во осмислувањето на бизнис концепт кој е релевантен на денешното време, односно директно e фокусиран на потребата на корисниците. Повеќето успешни бизнис потфати се врз основа на веќе постоечки идеи.

Сите развиваме посебен сет на вештини во деловниот и приватниот живот и од таму би требало да ги црпиме идеите за започнување на бизнис.

Ви претставуваме три совети кои ќе ви помогнат во тоа:

Со кои вештини располагате?

Детално поминете низ сите досегашни бизнис искуства. Веројатно за време на кариерата сте развиле специфични вештини и компетенции кои можат да бидат вашата стартна позиција во размислувањето за започнување на сопствен бизнис. Немојте, сепак, да се ограничувате на деловните вештини, туку размислете и за оние кои сте ги стекнале надвор од деловниот свет. Во превод, запрашајте се што би сакале да работите ако не работите. Создавањето на бизнис кој е фокусиран на хобито се чини како деловна опција која исполнува.

Што поминува денес?

Кога ќе утврдите што би сакале да работите, размислете како тоа би прошло во контекст на денешницата. Обрнете внимание на просперитетната индустрија и размислете има ли тука место за вас. Иако економската ситуација не е идеална за започнување на бизнис, светот за напредокот на технологијата станува се „помал“ и се отвораат многу шанси за лично напредување.

Размислувајте долгорочно

Постојат глобални и локални трендови кои би требало да ги земете во педвид при размислувањето. Фокусот треба да ви биде на работите кои имаат шанси за напредок во иднина. Мотивација секогаш може да ви биде чувството на целосна деловна незвисност.

Denar.mk

За авторот

Хонг

Остави коментар