Храна

Како да ги избегнете прејадувањата на празничните забави?

Напишано од Пјер

Клучниот потег е планирање. Така е и со храната и прејадувањето. Пожелно е однапред да одлучите што ќе пиете, и што ќе јадете на забавите. Со оваа тема посебно се занимавале професионалците од Њујорк, кои предлагаат длабоко дишење пред секој напад на јадење без осет. Поентата е да знаеме да управуваме со своите негативни емоции, желби и нагони, како во случајов со јадењето. Ако искочите гладни од дома, многу нормално е да се прејадете, и одма да ја нападнете трпезата при самиот влез на празничната забава.

Во овој случај, најдобро е да конзумирате некој протеин пред напуштањето на вашиот дом. На пример, еден јогурт или парче сирење, пред напуштаењ на вашиот дом, е доволно како прва одбранбена бариера. И плус, додека сте на забавата, најбитно и наш најважен совет е да се дружите, играте и забавувате. Колку повеќе активности, муабети, смеење, толку помалку јадење и окупирање на главната маса.

Се е до забавата!

За авторот

Пјер