Водич за патување

Како да ја совладате мачнината при патување

Напишано од Пјер

Мачнината при патување на многумина може да им го расипе одморот, но сето тоа може да се спречи….

Болеста при патување – кинетоза, создава непријатни тешкотии и на многумина им го расипува патувањето, но не претставува долгорочен проблем, ниту остава трајни последици. Се јавува како последица на голем број надразнувања на кои организмот е изложен при возењето со автомобил, воз, автобус, авион, брод и сл…

Симптомите се вртоглавица, слабост, ладна пот, бледило, главоболка, мачнина и повраќање. Иако оваа состојба е непријатна и напорна, не е сериозна и може да се спречи:

1.Гледајте далеку пред себе во некоја оддалечена точка на хоризонтот. Возрасните луѓе треба да се возат на предното седиште.

2.Немојте да читате и играте видео игри за време на возењето, а не пуштајте ни филмови.

3.Неопходно е возењето да биде што е можно поудобно и без нагло закочување. Правете паузи – идеално е на секои два до три часа да правите пауза од барем 15 минути.

4.Не тргнувајте на пат со празен стомак, јадете малку суви кекси или банана.

5.Избегнувајте силна и мрсна храна, како и газирани пијалаци непосредно пред патувањето.

6.Не пушете во автомобилот. Внатрешноста на автомобилот треба да биде проветрена. Избегнувајте јаки освежувачи за воздух.

7.Повремено отворајте ги прозорците за да се отстрани мирисот на храна во автомобилот (ако претходно некој јадел во него). Помага и квалитетна клима, но ладењето не смее да биде прејако.

8.Немојте премногу да пиете вода. Ова е важно и за децата. Пијте вода почесто, но во помали количини.

9.Во аптеките можете да најдете лекови кои помагаат со мачнината и ги ублажуваат или спречуваат симптомите.

10.Помагаат и некои природни лекови. Еден од нив е чај од ѓумбир кој се пие два часа пред патувањето.

За авторот

Пјер