Водич за готвење Живееме здраво со Polleo Sport

Како да се храните за време на празниците? – 6 ефикасни совети

Напишано од Нино

Иако сите со нетрпение ги очекуваме празниците, тие знаат да бидат голема пречка на патот кон остварување на нашите фитнес цели, па дури и да нè вратат некој чекор поназад. Излегуваме од рутината за вежбање, а уште повеќе од нашиот план на исхрана. На прв поглед делува дека изборот е следен: или ќе наталожите телесни масти и ќе добиете некој килограм повеќе за време на празниците или ќе треба да се откажете од голем дел семејни и забавни активности. Но, не е баш така. Постои начин да се опуштите и да уживате во сите празнични оброци со семејството и пријателите без да ѝ наштетите на формата на која работевте до сега. Сè што треба да направите е да ги следите овие 6 совети кои ќе ви помогнат во дилемата како да се храните во периодот кој следи:

1. Почнете со зеленчук

Зеленчукот го поттикнува лачењето на хормонот холецистокинин – хормон кој стимулира секреција на дигестивните ензими на панкреасот и жолчката и со тоа му испраќа информација на мозокот дека сте најадени. На тој начин го намалува вашиот апетит и ве спречува да се прејадете. Исто така, растителните влакна од зеленчукот ќе придонесат да чувствувате ситост подолго време, со што ќе го намалите бројот на оброци и ужини во текот на денот.

како да се храните за празниците - зеленчук

2. Не го избегнувајте овошјето

Заради фруктозата овошјето не е баш најомилената храна на оние кои се обидуваат да ја намалат тежината. Но, треба да имате на ум дека е многу подобро да го надополните гликогенот во црниот дроб со фруктоза, отколку со јаглехидрати како што се тестенините, компирот и сл. Црниот дроб дејствува како иницијатор на анаболичкиот процес, кој го поттикнува чувството на глад кога нивоата на гликогенот ќе се намалат. Со консумирањето на овошје ќе му помогнете на телото да го одржува гликогенот на високо ниво и поретко ќе чувствувате глад.

3. Протеините се задолжителни

Протеините се стимулатори на инсулинот, а драстичните зголемувања на нивото на инсулин влијаат на намалување на вашиот апетит. Затоа консумирањето на чисти протеини ве заситува, по што немате потреба од дополнителна храна која би влијаела лошо на вашата телесна тежина. Ако комбинирате чисти протеини со зеленчук и овошје ја имате добитната комбинација за одржување во форма бидејќи ваквата комбинација му испраќа сигнал на вашиот мозок дека сте сити.

како да се храните за празниците - протеини

4. Не брзајте

Колку поспоро јадете, толку помалку храна консумирате. Ова се должи на фактот што се потребни околу 20-30 минути по консумирањето на храната за да стигне информација до мозокот дека сте сити.

5. Пијте многу вода!

Она што е заедничко за сите претходни совети е дека тие се базираат на концептот да му дадете информација на вашот мозок дека сте сити за да го намалите апетитот. Истото се однесува и на овој совет – со внесувањето на многу вода го поттикнувате чувството на ситост и ги намалувате шансите да се прејадете во текот на денот. За време на празниците гледајте да имате вода во близина во секој момент.

како да се храните за празниците - вода

6. Оставете ги јаглехидратите за крај

Полната празнична трпеза е искушение и за најдисциплинираните меѓу нас, а таму има многу јаглехидрати. Не е страшно да се почастите со мала доза од нив, но за да не претерате, оставете ги за крај. Почнете го денот со протеини, зеленчук, овошје и многу вода за да спречите прејадување и јадете јаглехидрати подоцна во денот, со главното јадење. Ќе чувствувате ситост од другите видови храна и така ќе внесувате значително помалку калории.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)