Економија

Како да се мотивирате да почнете да штедите

shutterstock_290398649
Напишано од Хонг

Повеќето од нас би сакале да имаат некоја заштеда. Без оглед дали пари за црни денови, за одмор од соништата, сигурност во случај на отказ или едноставно за креирање на психолошка сигурност.

Меѓутоа како да заштедите кога секој потрошен денар резултира со поголемо задоволство отколку заштедениот.

Штедите по малку и често

Размислете за штедење на педесет денари секој ден. Откажете се од нешто и ставете ја оваа сума секој ден во каса. Без оглед дали станува збор за цигари, весници, магазини и сл. Тоа е мала сума која едвај и ќе ја забележите, но за неколку години ќе имате и неколку илјади денари.

Читајте финансиски весници

Можеби не сте претерано заинтересирани за таа тематика, но со читањето на финансиски весници, магазини и останата литература, вие ќе се образувате и информирате во таа насока.

Водете дневник за штедење

Не само што треба да водите дневник за штедење, туку треба да ги запишувате и сите ваши приходи и расходи. Запишете се што ќе заработите и се што ќе потрошите. На тој начин најдобро ќе воочите каде ги трошите парите.

Штедете за специфична цел

Некоја многу јасна цел може да ви го олесни штедењето. Ако знаете дека ви се потребни 400 евра за нов компјутер или ако сакате да имате одредена сума на пари за црни денови или за свадба, полесно ќе можете да заштедите со однапред одредена цел. Ако се концентрирате на крајната цел тоа ќе ве мотивира.

Автоматизирајте ја вашата заштеда

Еден од начините да се присилите на штедење е да потпишете траен налог со кој секој месец од вашата сметка банката ќе ви префрли одредена сума на штедната сметка.

За авторот

Хонг