Живееме здраво со Polleo Sport Настани

Како да се подготвите за WizzAir Скопски маратон?

Напишано од Пјер

Одлучивте да си ги испробате силите на претстојниот маратон? Честитаме! 🙂 Силната желба за поместување на сопствените граници на волја и издржливост е клучна за остварување на резултати на кои ќе се гордеете. Сепак, освен желбата и редовните тренинзи, потребно е да го подготвите вашето тело за ваков предизвик преку соодветна исхрана.

Погледнете ги кратките и ефикасни совети за исхрана од Polleo Sport експертите во соработка со искусни маратонци кои ќе ви помогнат да се подготвите за WizzAir Скопскиот маратон и да го достигнете вашиот максимум:

1. Внесувајте доволно јаглехидрати и електролити

Јаглехидратите се примарен извор на енергија за телото, особено при интензивна физичка активност како што е маратонот. Внесувајте што е можно почисти јаглехидрати, инаку ќе предизвикате непотребно зголемување на вашата тежина. Дополнително, со одржувањето на идеален баланс на електролити ќе обезбедите оптимално функционирање на мускулните и другите хемиски процеси во телото за време на трката. Затоа ви препорачуваме VITARGO напиток како најдобар извор на јаглехидрати и електролити.

2. Дајте му на телото брз извор на енергија

За време на маратонот вашето тело ќе биде ставено во состојба на стрес и секој дополнителен извор на енергија кој не е во облик на цврста храна ќе биде добредојден. Препорачуваме гелови кои овозможуваат брз и долготраен извор на енергија, со истовремено подобрување на перформансите за време на интензивните тренинзи и за време на маратонот.

3. Зајакнете ги мускулите со чисти протеини

Протеините ќе му помогнат на организмот да го регулира варењето на јаглехидратите и да се дозира со споро и константно разложување на изворите на енергија, а тоа е токму она што ви треба за долготрајниот напор на кој ќе го изложите вашето тело. Препорачуваме hydro whey протеин, прочистен од вишок влага, масти, холестерол и други непотребни материи, со додаток на BCAA (аминокиселини со разгранет ланец) во слободна форма. Се препорачува и користење на Бета Аланин и Аргинин.

Регионалниот лидер во индустријата за спортска исхрана и опрема Polleo Sport е официјален партнер на WizzAir Скопски маратон 2017. Покрај тековните акции, Polleo Sport ќе обезбеди специјални попусти на одредени производи за учесниците на маратонот.

За авторот

Пјер