Одржување

Како да се справите со потењето?

sweating
Напишано од Хонг

Ова е особено непријатно кога ќе ги подигнете рацете, а таму се оцртуваат влажни траги од испотените пазуви…

Ако сте од оние кои се потат и додека спијат, наша препорака е да спиете со фротирска постелнина.

Наутро задолжително истуширајте се со млака вода, еднаш неделно можете да практикувате и измивање со сода бикарбона, исушете се добро и ставете антиперспирант.

Носете памучна гардероба: вештачките материјали дополнително ја иритираат веќе иритираната кожа.

Избегнувајте ја црната боја бидејќи таа дополнително привлекува топлина.

Пред заминувањето од домот задолжително извршете мала нужда, а воедно и не консумирајте екстремно ладни напитоци, тие само го поттикнуваат потењето.

Редовно консумирајте чај од жалфија. Овој чај делува како природно средство против претераното потење, а најдобро делува против ноќното потење.

Намалете го внесот на намирници кои имаат интензивен мирис, на пример лукот, бидејќи тој го засилува непријатниот мирис на потта.

Секогаш држете ја главата ладна, носете капче или сл, доколку главата е многу загреана телото повеќе се поти со цел да се олади.

Носете лесна и удобна гардероба, бидејќи напорот при одењето во некомотна облека дополнително го зголемува потењето.

Denar.mk

За авторот

Хонг