Кариера

Како лидерите ги поттикнуваат вработените

Напишано од Пјер

Кога вработените се полни со поддршка и имаат некој кој ги бодри и насочува, навистина можат да го променат работењето на компанијата. Понекогаш можат неуспехот да го завртат во успех, затоа лидерите треба да ги следат петте тактики на успешните лидери.

Кога, како директор или водич, ќе направите тим кој е добар и во кој верувате, нема да морате да размислувате зошто некој останал подолго на работа или дали состанокот ќе помине во најдобар ред ако вие не сте тука. Еве неколку начини како да ја зајакнете и подобрите вашата деловна екипа.

Бидете сигурни дека се грижат за она за што и вие се грижите

Како и во спортот и на работа е потребен тим од различни луѓе кои се движат кон иста цел и постигнуваат добри резултати. Јасно кажете ги вашите ставови за сите да знаат кон што целите. Тие треба да ја препознаат вашата амбиција со цел и самите да чувствуваат пасија за истите работи.

Направете јасен пат кон напредокот

Вработените треба да знаат дали, доколку добро ја работат својата работа, ќе можат да напредуваат. И доколку не, дали ќе им помогнете да најдат нова работа, со некоја препорака. Така тие секогаш ќе се трудат бидејќи ќе знаат дека во иднина ги очекува нешто подобро.

Предизвикајте ги

Кажте им на работниците дека ќе добиваат тешки проекти за потребите на компанијата, но дека со тек на време, доколку се покажат како добри, ќе им дадете проекти на кои ќе можат да ги унапредат своите вештини. Работните задачи не треба да бидат секогаш исти и монотони. Размрдајте ги со предизвици. Нека се почувствуваат посебно и ќе дадат повеќе од себе. Ќе ги видите нивните вештини и ќе придонесете за компанијата.

Кажете им како ќе бидат вреднувани

Најлошо е кога некој деноноќно работи, не знаејќи за својот придонес. Кога ќе ангажирате некој имајте искрен разговот во кој ќе му кажете како тој ќе биде оценет. На тој начин секој ќе знае кои се факторите за неговиот успех.

Не им го попречувајте патот

Пробајте на вработените да им дадете општи цели и одредени рокови. Обидете се да не им се мешате многу во работата за да го видите начинот на кој тие размислуваат бидејќи може да се случи некој да излезе од калапот и да ви даде ново решение. Значи, извршниот директор треба да даде визија, а вработените треба да го работат она во што се добри.

За авторот

Пјер